Во Климештани, Требеништа и Мешеишта водата забранета за пиење – Makedonija News

Во Климештани, Требеништа и Мешеишта водата забранета за пиење

Според извештајот на Центарот за јавно здравје Охрид на ден 23.03.2021 година земени се примероци вода за физичко хемиска и микробиолошка анализа. Констатирано е следното:

 Во Охрид водата за пиење ги исполнува условите за здравствено исправна вода за пиење според Правилникот за безбедност на водата за пиење(Сл.Весник на РМ бр 183/2018),освен од две мерни места ,додека снабдувањето со вода во селата  е следна:

-с.Климештани-има бактерии(Ешерихија коли,Ентеробактерии) нема резидуален  хлор

-с.Мешеишта-          нема резидуален хлор

-с.Волино-               водата е здравствено исправна

-с.Требеништа- има бактерии(Ешерихија коли,Ентеробактерии) нема резидуален  хлор

-с.Горенци –        водата е здравствено исправна

-Аеродром –кујна- водата е здравствено исправна

-Аеродром-Водарка- водата е здравствено исправна

-с.Оровник- водата е здравствено исправна

-с.Подмоље – водата е здравствено исправна

-Иноспектар-с. Лескоец- водата е здравствено исправна

ПРЕПОРАКА: Водата од мерните места-Климештани,Требеништа,Мешеишта да се хлорира континуирано за да биде здравствено исправна.  Во селата:Климештани,Требеништа како и Мешеишта  водата се  забранува за пиење ,одржување на лична хигиена како и хигиена на раце, во домаќинствата се додека истата не се третира со хлорен препарат или да се преврива 45-50 минути.

извор: Центар за јавно здравје, Охрид

Social profiles