Два патнички воза се судрија во јужен Египет, загинале најмалку 32 лица – Makedonija News

Два патнички воза се судрија во јужен Египет, загинале најмалку 32 лица

Два патнички воза се судрија во јужен Египет. Министерството за здравство соопшти дека во несреќата загинале најмалку 32 лица, а 66 се повредени.

Според прелиминарните извештаи, инцидентот се случил северно од градот Сохаг, лоциран на 460 километри јужно од главниот град Каиро, на западниот брег на Нил.

Според локалните медиуми, најмалку три вагони излетале од шините.

Social profiles