Како да станете богати – совети од богати луѓе во светот! – Makedonija News

Како да станете богати – совети од богати луѓе во светот!

Секој од нас сака да направи многу пари, да вози добар автомобил, да има убав стан, да патува каде и да посака и да ужива во животот. Но секако, многу нема да ги добијат овие работи, од повеќе причини. За да станете богати мора да размислувате исто како и богатите луѓе и да ги трошите парите на вистински работи.

Некои од најуспешните луѓе на светот, доживеале бројни неуспеси и искуства од кои се усовршиле во текот на својот животен пат. Овој пат одлучивме да ги споделиме нивните нјадобри совети со вас, за да ве потсетиме дека патот до успехот никогаш не е лесен и отсекогаш бил попречуван.

1. Запишувајте се

Ричард Бренсон во една прилика има изјавено дека константно парви листи и запишува разни работи – од список на луѓе со кои треба да се слушне, листи со идеи, компании, луѓе на кои треба да им помогне.

2. Бидете дисциплинирани

Марк Кубан вели дека доколку користите кредитни картички, тогаш вие не сакате да бидете богати. Првиот чекор кон богатството е дисциплина. Ако заштедите пари, можете да постигнете многу, но ако постојано трошите на вашите кредитни картички, ништо нема да постигнете.

3. Знајте дека нема да биде лесно

Моментално најбогатиот човек на светот Џеф Безос, вели дека мора да бидеме трпеливи во постигнувањето на своите цели и дека мора да ги поставиме реални. Ако си зацртате да остварите нешто невозможно, поголема е веројатноста дека ќе се откажете, отколку да успеете.

4. Кога сте млади, посветете се на учење, а не на заработка

Размислувате долгорочно, вели Тим Ферис. Научете го занаетот од луѓе кои се поискусни од вас, затоа што ќе соберете многу повеќе трикови од нив отколку што ќе ве научи секој факултет или книга.

5. Бидете искрени кога станува збор за фактите

Никогаш не смеете да ги игнорирате информациите или да негирате што ви кажуваат фактите, вели Џеф Бусганг. Секогаш треба да побарате колку што можете повеќе информации и поголема слика за вистината. Може да ризикувате понекогаш, но не мора да го засновате бизнисот на среќа.

6. Бидете упорни

Оптимизирајте ги сите ваши шанси за успех. Никогаш не пропуштајте можност и бидете упорни, вели Џули Рајс. Ако не знаете нешто, не се откажувајте се додека не го научите истото.

7. Имајте план

Не ги препуштајте своите пари на случајностите. Научете да управувате со вашите пари и да имате план, без оглед на големината на вашиот капитал или целта што ја имате, вели Алекса вон Тобел.

Social profiles