Русија го претстави првиот електричен авион! – Makedonija News

Русија го претстави првиот електричен авион!

Русија ќе го претстави првиот авион со електричен мотор на саемот МАКС 2021, што ќе се одржи од 20 до 25 јули во Жуковски во московскиот регион.

Оваа информација ја потврди вицепремиерот Јуриј Борисов.

„Овој проект беше направен со Фондот за напредни студии. Електричниот авион што ќе го претставиме се заснова на принципите на суперспроводливост“, додаде Борисов.

Електричниот мотор е дел од хибридниот погонски систем, развиен од Рускиот централен институт за мотори на авиони (CIAM).

Овој иновативен електричен мотор се базира на суперпроводници со висока температура со моќност од 500 kW, а тестовите на него започнаа на 5 февруари.

Според извршниот директор на CIAM, Михаил Гордин, ова е еден од најважните проекти во модерната авијација. Тој додаде дека употребата на високотемпературната платформа за суперспроводливост (HTSP) е дизајнирана да реши голем број технолошки проблеми со кои веќе се соочува воздушниот сообраќај.

Social profiles