Горивата од полноќ поевтинуваат до денар и пол! – Makedonija News

Горивата од полноќ поевтинуваат до денар и пол!

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во однос на цените одредени минатата недела.

Со оваа одлука, малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар по литар, додека пак цената на дизелот се намалува за 1,50 денар.

Според најновата измена на цената на горивата од вечерва на полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС- 95 ќе се продава за 66 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 68 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 55 денари по литар.

Намалување има и кај цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и мазутот, кои од полноќ ќе можат да се купат за 44,50 денари по литар, односно 34,426 денари за килограм.

Social profiles