Усвоен законот со кој Путин може повторно да се кандидира за претседател на Русија – Makedonija News

Усвоен законот со кој Путин може повторно да се кандидира за претседател на Русија

На денешниот состанок на Советот на Руската Федерација, односно на горниот дом на парламентот, е усвоен законот со кој се дозволува рускиот претседател Владимир Путин повторно да учествува на претседателските избори.

Законот претходно беше донесен во Думата, односно долниот дом на рускиот парламент.

Голем број законски одредби беа формулирани врз основа на измени и дополнувања на Уставот, како што е ограничување на бројот на претседателски мандати за едно лице, објави ТАСС.

Тој се однесува на сегашниот шеф на државата, без оглед на неговите претходни претседателски мандати.

Ова правило му овозможува на сегашниот шеф на државата да ја извршува таа функција уште два мандата.

Законот предвидува дека секој руски државјанин над 35-годишна возраст, кој има постојан престој во земјата најмалку 25 години и нема и никогаш немал државјанство или дозвола за престој во друга држава, може да се кандидира за претседател на Русија.

Social profiles