Денеска пристигнаја 20.000 Руски вакцини од Република Србија! – Makedonija News

Денеска пристигнаја 20.000 Руски вакцини од Република Србија!

Денеска добивме од Република Србија 20.000 дози на вакцини од руската вакцина Спутник В кои ќе бидат наменети за критичните категории на граѓани, но и за почеток на имунизација на помладите категории на граѓани. Благодарност до Претседателот Вучиќ, Премиерката Брнабиќ, Министерот Лончар за солидарноста и донацијата. Очекуваме уште дополнителни 20.000 дози да пристигнат од оваа пратка во деновите што следуваат. Овозможивме континуитет на веќе започнатиот процес. Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија во А1 Арената, СЦ Борис Трајковски.

Изјави Министерот Филипче!

Social profiles