Владите на Северна Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“ – Makedonija News

Владите на Северна Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“

Владата на Република Северна Македонија на денешната 60-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за донација од Република Србија на 40.000 дози „Спутник В“ вакцини против КОВИД-19 и го прифати текстот на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на здравството за имунизација на населението против КОВИД-19.

Со овој договор е обезбедена донацијата од вкупно 40.000 дози „Спутник В“, од кои 20.000 дози од компонента 1 ќе бидат испорачани денеска, а останатите 20.000 дози од компонента 2 во наредниот период.

Social profiles