Од денес, во Хрватска е во сила нова мерка за преминување на границата! – Makedonija News

Од денес, во Хрватска е во сила нова мерка за преминување на границата!

Од денес, во Хрватска е во сила нова мерка за преминување на границата, што подразбира задолжително поседување на резултатите од брз антиген тест за за коронавирус, сертификати за вакцинација, вклучително и руски и кинески вакцини или потврда за прележана инфекција што ќе важат за следните 180 дена.

Со оглед на претстојните велигденски празници, донесена е задолжителна мерка за носење маски во затворени простории и надвор, каде се очекува поголем проток на луѓе, без оглед на препорачаната физичка оддалеченост.

Овие мерки ќе важат до 9 април, а нивната промена е можна на ниво на држава и округ, каде што се различни во зависност од епидемиолошката состојба.

Social profiles