Италија протера двајца руски дипломати обвинети за шпионажа! – Makedonija News

Италија протера двајца руски дипломати обвинети за шпионажа!

Италијанската полиција соопшти дека апсењата се резултат на долга истрага на националните безбедносни и воени претставнициВАШИНГТОН — 

Италија соопшти дека протерала двајца руски дипломати и го уапсила капетанот на италијанската морнарица во вторникот за нивната наводна вмешаност во шпионажа.

Дипломатите беа протерани денес, според медиумски извештај.

Италијанската полиција соопшти дека капетанот и претставник на Руската амбасада биле уапсени на паркинг во Рим и биле обвинети за „сериозни злосторства поврзани со шпионирање и државна безбедност“.

Ројтерс објави дека официјален претставник на италијанската полиција им рекол дека капетанот бил именуван како Валтер Биот и дека тој бил обвинет за предавање информации во замена за 5.900 американски долари.

Италијанската новинска агенција Анса објави дека некои од запленетите документи биле документи на НАТО.

Италијанската полиција соопшти дека апсењата се резултат на долга истрага на националните безбедносни и воени претставници.

По апсењата, Италија го повика рускиот амбасадор, а двајцата руски официјални лица, наводно инволвирани во инцидентот биле протерани.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо го окарактеризира инцидентот како „екстремно тежок“, објави Ројтерс.

„Во италијанското МНР беше повикан рускиот амбасадор, и му беше врачена протесна нота од Италијанската влада но, воедно и’ известен за итното протерување на двајцата руски официјални лица вклучени во оваа исклучително тешка афера“, се вели во објавата на министерот на Фејсбук , според Си-ен-ен.

54-годишниот Биот, наводно, работел во Министерството за одбрана во одделот задолжен за развој на политиката за национална безбедност и одржување на односите со сојузниците на Италија, објави Ројтерс.

Според Ројтерс, руските новински агенции соопштиле дека двајцата протерани службеници работеле во канцеларијата на военото аташе на амбасадата. Тие не соопштија дали уапсеното лице на паркингот е едно од протераните.

Руската новинска агенција Интерфакс објави дека руски политичар изјавил дека ќе биде возвратено реципрочно.

Но, портпаролот на Кремљ се огласи со посмирен тон.

„Во моментов немаме информации за причините и околностите за овој инцидент“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Си-ен-ен. „Но, во секој случај, се надеваме дека ќе биде зачуван позитивниот и конструктивен карактер на руско-италијанските односи.

И Бугарија и Холандија претходно протераа руските официјални претставници поради шпионирање.

Social profiles