Прилеп добива нова модерна Градинка според највисоки стандарди! – Makedonija News

Прилеп добива нова модерна Градинка според највисоки стандарди!

После 40 години Прилеп и прилепчани добиваат нова модерна градинка според највисоките стандарди за зелени и енергетски ефикасни објекти. Денеска започна изградбата на целосно нов објект во населбата „Точила“, со капацитет за 252 деца.Неколку важни карактеристики за проектот: градинката е проектирана да ги исполни сите современи стандарди за енергетска ефикасност, со блиску до нула енергетска потрошувачка, со А+ енергетска класа; ќе биде инсталирана воздушна топлотна пумпа со рекуперација на топлина, со која се намалуваат трошоците за греење и ладење до 50% годишно;

Предвидува покрив како зелена покривна тераса со ниска природна вегетација, кој нуди одлична топлинска изолација преку целата година – во текот на зимата ја задржува топлината во објектот, а во лето го освежува просторот;ќе биде поставена фотоволтаична постројка со капацитет од 20kW за производство на струја која ќе се користи за потребите на самата градинка.Грижата за децата и инвестирањето во раниот детски развој е приоритет на Владата и на локалните самоуправи. Во текот на оваа година ќе бидат довршени уште 13 градинки.

Изјави премиерот Зоран Заев!

Social profiles