Околу седум илјади работници не земале плата за февруари! – Makedonija News

Околу седум илјади работници не земале плата за февруари!

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција ја информираше јавноста за анализата што ја направи Управата за јавни приходи, од поднесените барања за пресметување на износот за враќање на финансиската поддршка односно нејзино претворање во грант.

Таа истакна дека мерката финансиската поддршка на работодавачите за исплата на плата за април, мај, јуни 2020 година ја искористиле 22.195 работодавачи во најмалку еден од овие месеци, во износ од 4.886.695.436,00 денари за исплата на плати за 143.646 вработени. За враќање на оваа финансиска поддршка, 18.851 обврзници, поднеле 20.693 барања, од кои 17.932 барања се комплетни. Од нив 5.296 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, негативен искажале 11.502 обврзници, а 1.134 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, обврската за враќање на износ на искористена финансиска поддршка изнесува 814.134.379,00 денари или 17% од вкупната доделена финансиска поддршка на правните лица по овој основ. За оваа мерка вкупно 2 405 самовработените лица поднеле 2.643 барања за враќање на финансиската поддршка, од кои 1.060 барања се комплетни.
Од нив, 321 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 728 обврзници искажале негативен, а 11 обврзници искажале финансиски резултат нула. Според податоците од доставените барања, обврска за враќање на износ на искористена финансиска поддршка е 19.210.275 денари или 15.8 % од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ.

Враќањето на пресметаниот износ треба да се изврши на тримесечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.
За претворање во грант на финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година поднесени се вкупно 1.993 барања, од 1.541 обврзници – правни лица, од кои 1.291 барања се комплетни, додека од страна на самовработените лица поднесени се вкупно 71 барање, од 69 обврзници, од кои 26 барања се комплетни. По овие барања ќе одлучува Управата за јавни приходи, по што даночните обврзници ќе добијат Решение за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант.

Social profiles