Филипче: Завршена е модуларната болница во Битола која има три објекти и е најголема во државата! – Makedonija News

Филипче: Завршена е модуларната болница во Битола која има три објекти и е најголема во државата!

Модуларната болница во Битола е подготвена во секој момент да прими ковид пациенти доколку тоа е потребно, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Завршена е модуларната болница во Битола која има три објекти и е најголема во државата.Има сосем доволен број на болнички кревети секој пациент ќе ја добие потребната здравствена заштита. Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, овде во Битола 3, што го прави битолското ковид одделение најголемо во државата. Тоа може да одговори на потребите согласно бројот на жители, граѓани, пацинети од целиот регион кои се лекуваат во оваа болница.Процесот на вакцинација против Ковид 19, како во Битола така и во останатите градови низ државата се одвива добро, никаде нема посериозни проблеми. Сега се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот бран. На голем број пациенти им е потребна соодветна здравствена заштита. Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, дури и кога ќе бидат вакцинирани, информира Филипче.

Social profiles