Направете чај од банана и испијте го пред спиење: Додајте само еден зачин, ефектот е неверојатен – Makedonija News

Направете чај од банана и испијте го пред спиење: Додајте само еден зачин, ефектот е неверојатен

Чајот од банани е од голема помош за многу болести.

Дали имате идеја што ќе се случи во вашето тело ако зготвите банана со цимет и ја испиете оваа течност навечер, пред спиење?

Ова е малку понепознат рецепт кој последниве години го открија неколку хербалисти, а претставува одличен лек за многу проблеми, особено при недостиг на витамини, ансиозност и несоница.

Тајната на овој напиток се состои во следното: бананите содржат голема количина магнезиум кој има директен ефект врз нервниот систем со тоа што опушта, го елиминира стресот и го подобрува спиењето.

Бананите не се само извор на енергија, туку и извор на многу хранливи материи, како што е калиумот, а кој пак е важен за тонусот на мускулите, па дури и за срцевиот ритам. Друг минерал кој треба да се спомене, е фосфорот, кој му помага на организмот полесно да ги свари јаглехидратите.

Друга, но не помалку важна состојка во овој чај е циметот. Тој е во состојба да го намали нивото на шеќер и холестерол во кр-вта, со што се намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Покрај тоа, некои студии покажаа дека циметот може да има антисептички ефект врз организмот и да ги нормализира хормоните (особено корисен за жените).

Научниците издвоија состојби во кои овој напиток е многу корисен: артритис; мигрена и главоболка од различно потекло; улцеративни заболувања на гастроинтестиналниот тракт; присуство на патогени бактерии.

Како да го направите овој пијалок?

Потребни состојки: 1 зрела банана, 1-2 лажички цимет, 1-2 литри вода во зависност од тоа каква јачина сакате да има чајот.

Постапка: излупете ја банана доколку не е органска, а доколку не е третирана кората, тогаш само исечете ја на неколку парчиња. Оставете ја водата да зоврие, а потоа додајте ја бананата и циметот. Намалете ја температурата, па варете околу 10 минути. Процедете и пијте топло.

Доколку не верувате, потрудете се редовно да консумирате банани и за краток временски период ќе започнете да се чувствувате значително подобро, што воедно ќе ве увери во лековитите својства на ова чудесно слатко овошје.

Social profiles