Во Црна Гора се кријат две лица од криминалната група на Веља Невоља! – Makedonija News

Во Црна Гора се кријат две лица од криминалната група на Веља Невоља!

Србија бара да и бидат испорачани две лица кои се поврзани со организираниот криминал во Црна Гора, на чија територија се кријат, неофицијално е потврдено за порталото „Борба“. Двете неимонувани лица се интересни од безбедносни причини и се бараат во склоп на големата истрага која се води во Белград, а кои треба да расчистат неколку свирепи ликвидации во Србија.

Според порталот станува збор за лица кои се во врска со криминалната банда на Вељко Беливук наречен Веља Невоља, од која дваесетина лица се притворени токму поради неколку ликвидации и бројни други кривични дела.

Неодамна за овие две лица од Црна Гора збруваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој потенцирше дека неговата земја ќе бара да и бидат предадени овие криминалци оти се значајни во истрагата за организираниот криминал во неговата земја.

Social profiles