Царовска: Надзорот врз работата на наставниците не смее да биде притисок, туку поддршка! – Makedonija News

Царовска: Надзорот врз работата на наставниците не смее да биде притисок, туку поддршка!

Министерката за образование и наука Мила Царовска во неделното интервју за Радио слободна Европа напомена дека надзорите врз работата на наставниците не треба да се сфати како казна туку како поддршка до поквалитетна работа.

-Сите надзори имаат цел да бидат советодавни и едукативни. Многу е интересно што со години Министерството за образование и институциите под него се однесуваат наредбодавателно кон наставниците, сакајќи со притисок да постигнат квалитет. Тоа не се постигнува и затоа ние, нашата идеја, и како ова Министерство функционира додека јас сум министер, главниот збор е поддршка, што укажува на тоа дека наставниците, дури и да имаат надзор, дури и да имаат посета од Државен просветен инспекторат, тоа не е за да бидат казнети, туку за нивната работа да биде поддржана и да биде поквалитетна и така работиме. Дополнително, како министер, испратив до сите институции под Министерството, дека во овој период бирократијата е најмалку важна. Најзначајно е менталното здравје на наставниците, менталното здравје на учениците и нивната врска којашто треба да ја имаат во континуитет во текот на училишната година и тоа е главната идеја зад која стојам. Но Министерството, преку Државниот просветен инспекторат, има направено повеќе од 4200 надзори, околу 2700 се редовни, 1400 се вонредни, и одредени се 295 контролни, што укажува дека веројатно дека 295 одредени забелешки се дадени, па имало потреба да се направи и контролен увид за да се види дали се отстранети забелешките, вели Царовска.

Social profiles