Брнабиќ: Нема да продолжи вакцинирањето на граѓаните од регионот – Makedonija News

Брнабиќ: Нема да продолжи вакцинирањето на граѓаните од регионот

Уште 106.470 дози на Фајзер и 500.000 дози на Синофарм треба да пристигнат во Србија утре, најави премиерката Ана Брнабиќ  во ТВ Прва и додаде дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи во моментов, но дека помошта ќе биде обезбедена во иднина.

– Ги имаме на располагање сите вакцини (Фајзер, Синофарм, АстраЗенека, Спутник), ситуацијата е добра. Во овој момент нема да има вакцинирање на луѓе од регионот, ние размислуваме за нашите граѓани, но сигурно ќе им помогнеме на соседите, бидејќи тоа е човечко и воопшто не зборувам за политика – рече Брнабиќ.

Social profiles