Вучиќ ги изненади пензионерите: Им подарува пакетче со витамини за секој пензионер! – Makedonija News

Вучиќ ги изненади пензионерите: Им подарува пакетче со витамини за секој пензионер!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес го претстави новиот пакет помош што државата го обезбеди за пензионерите. Секој пензионер ќе добие витамин Ц, витамин Д и цинк.

Претседателот преку Инстаграм им се обрати на најстарите граѓани, им се заблагодари за сè што направија за земјата и го презентираше пакетот со витамини кои ќе го зајакнат нивниот имунитет.

– Почитувани пензионери, ова е првиот примерок на торба со содржината на она што треба да го добиете како дополнителен подарок од вашата земја. Ова е уште еден мал знак на внимание за сè што сте направиле и за сè што ни оставивте. Денес мора да ги следиме вашите стапки и да ја направиме Србија уште подобро место за живеење – рече Вучиќ.

Social profiles