Македонските државјани можат да патуваат во Србија без ПЦР тест – Makedonija News

Македонските државјани можат да патуваат во Србија без ПЦР тест

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денес изјави дека не е точна информацијата дека е  одлучено граѓаните на Србија, кога се враќаат од Црна Гора, Албанија, Бугарија, БиХ, Северна Македонија и Унгарија, да направат  ПЦР тест и истакна дека режимот за влез во Србија не е променет.

“Веста не е точна, ние не го сменивме режимот на влез во Србија, така што нашиот народ секогаш може да се врати во својата земја,. Оние кои биле вакцинирани или ревакцинирани, можат да влезат без потврда за негативен тест за ПЦР,  само  треба да ја покажат  потврдата за ревакцинација “, рече Брнабиќ на ТВ Прва.

Како што изјави таа, на граѓаните на земјите од „Мини Шенген“ не им треба негативен ПЦР за влез во Србија, т.е. Северна Македонија и Албанија, како и на граѓаните на Унгарија и Бугарија, чија мерка беше укината поради реципроцитет.

„Тоа е затоа што има голем број граѓани кои циркулираат преку границата и со цел да им го олеснат бизнисот и животот“, рече Брнабиќ и посочи дека граѓаните на овие земји не подлежат на мерка изолација.

Social profiles