Русите тестираат нуклеарно торпедо кое може да предизвика „радиоактивно цунами“ – Makedonija News

Русите тестираат нуклеарно торпедо кое може да предизвика „радиоактивно цунами“

Русија гради воено присуство на Арктикот каде тестира ново оружје, нуклеарно торпедо. Целта на Русија е да го заштити северниот брег и да отвори клучна рута за бродови од Азија кон Европа.

Едно од оружјата коишто Русите ги тестираат, а кои би можеле да се употребат за напад на крајбрежни градови може да предизвика „радиоактивно цунами“.

Експерти за оружје и западни политичари изразија загриженост поради специфичното супер оружје, а тоа е руското Poseidon 2M39 торпедо. Ова оружје многу бргу се развива под надзор на рускиот претседател Владимир Путин, кој во февруари побара информации за клучната фаза на тестирање на торпедото.

Нови тестови се планирани за оваа година. Ова торпедо претставува оружје кое незабележано може да ја мине крајбрежната одбрана, вклучително и онаа што ја има Америка. Русите тврдат дека торпедото може да носи боева глава од неколку мегатони, што може да креира радиоактивни бранови кои може да поплават големи области.

Ефектите со децении би биле смртоносни за луѓето. Станува збор за опасно оружје кое се развива и е реално. Шефот на норвешката известувачка служба Нилс Андрес Стенсонс смета дека Poseidon е дел од нов вид нуклеарно вооружување, стратешки систем насочен кон цели кои имаат влијание подалеку од регионот во кој моментално се тестира.

Компанијата Maxar направи сателитски снимки кои откриваат што се случува на руските воени бази низ брегот на Арктикот. Се градат и подземни подруми во кои ќе биде сместено торпедото, како и дополнително вооружување.

Русите на истата локација имаат и MiG 31BM воени авиони, подобрен радар и други.

Poseidon 2M39 е најавен уште во 2015 година, иако многумина мислеа дека Русите го користат како „фактор за заплашување“, сепак испадна дека не е така. Русите дефинитивно тестираат нуклеарно торпедо, но и друго вооружување.

Social profiles