Девет полициски службеници паднаа во аферата „Мафија“ – фалсификувале пасоши и лични карти за членови на балканското подземје – Makedonija News

Девет полициски службеници паднаа во аферата „Мафија“ – фалсификувале пасоши и лични карти за членови на балканското подземје

Девет полициски службеници паднаа во аферата „Мафија“. Тие биле дел од мрежа за која постојат сомневања дека фалсификувала пасоши и лични карти кои потоа им биле давани на членови на балканското подземје. Од полицијата само потврдуваат дека се спроведува полициска акција, а деталите ги најавуваат за подоцна. Скандалот вчера на брифинг го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а според нивните документи, еден од босовите на турската мафија, Седат Пекер, има македонски пасош и лична карта со име Џадин Адемовски.

Полицијата денеска правeше претрес и во своите редови, поточно во канцелариите каде што се издаваат патни исправи и лични документи.

Social profiles