Почина Тозовац, пејачот ја загуби битката со коронавирусот – Makedonija News

Почина Тозовац, пејачот ја загуби битката со коронавирусот

Легендата на народната музика во екс Југославија Предраг Живковиќ Тозовац ја загуби битката со коронавирусот. Легендарниот Тозовац од последици предизвикани од корона вирусот починал утрово во 86 година од животот.

Тозовац од 5 март се лекувал од корона вирусот во болницата Драгиша Мишковиќ во Белград. Минатата недела неговата здравствена состојба се подобрила.

Предраг Живковиќ Тозовац според многумина беше најголемиот господин на југословенската народна музика, со бројни бесвременски хитови како „Очи једне жене“, „Јесен у мом сокаку“,„Лено , Лено Магдалено“….

Славниот пејач на почетокот на 2021 година по 40 години врска и љубов се венчал со својата животна сопатничка Емилија

Social profiles