Карлеуша ја yништи Вања, а сега Цеца ќе и помогне и од неа ќе направи БАЛКАНСКА мега ѕвезда – Makedonija News

Карлеуша ја yништи Вања, а сега Цеца ќе и помогне и од неа ќе направи БАЛКАНСКА мега ѕвезда

Младата пејачка Вања Кнежевиќ во изминаиве денови дојде во центарот на вниманието откако во „Ѕвездите на Гранд“ се расплака заради коментарот на Јелена Карлеуша.

Пејачката Вања Кнежевиќ во една од претходните емисии беше дисквалификувана од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи на социјалните мрежи сподели неколку непримерни коментари од своите фанови на сметка на Јелена Карлеуша.

Кнежевиќ откако привлече големо внимание на јавноста заради судирот што го имаше со Јелена Карлеуша, кога многумина застанаа на нејзина страна, наскоро треба да ја сними својата прва песна и тоа со помош на Светлана Цеца Ражнатовиќ, пишуваат српските медиуми.
.
Како што кажуваат извори блиски до младата пејачка, пријател на нејзиното семејство од Бања Лука наводно пред две недели стапил во контакт со фолк дивата и ја замолил да и помогне на Вања, како со совети, така и со некоја препорака меѓу своите колеги. Цеца наводно ветила дека ќе даде сé од себе, а тоа очигледно брзо и го реализирала. Им се јавила на своите соработници и ги прашала дали би направиле песна за Вања, што тие веднаш го прифатиле.

И така сега Кнежевиќ од девојка која беше исфрлена од шоуто е на само чекор да стане голема ѕвезда. Песната за неа наводно веќе е подготвена и оние што ја слушнале во студиото велат дека ќе биде голем хит.

Social profiles