Во Словенија осомничена внука дека си ја убила 85-годишната баба – Makedonija News

Во Словенија осомничена внука дека си ја убила 85-годишната баба

Во словенечкото место Берток кај Копар вчера беше убиена 85-годишна жена, а за злосторството е осомничена нејзината 31-годишна внука која е во притвор, објавија словенечките медиуми.

Медиумите пишуваат дека триесет и едногодишнатa жена со остар предмет ја заклала својата баба (85), а потоа го фрлила оружјето во ѓубре недалеку од местото на злосторството.

Мотивот за убиството е непознат, а осомничената е во притвор.

– Веднаш започнавме интензивно собирање информации за злосторството и ќе продолжиме со тоа, бидејќи сè уште не го знаеме мотивот за ова брутално убиство – рече Дејан Грандиќ од одделот за криминалистичка полиција Копер на прес-конференција.

Соседот на старицата ја известил полицијата за злосторството. Тој синоќа пријавил дека во куќата нашол тело на жена, а во текот на ноќта беше уапсена триесет и едногодишната словенечка државјанка под сомнение за убиство.

Social profiles