Уапсени повеќе од 15 девојки во Дубаи поради голотија! – Makedonija News

Уапсени повеќе од 15 девојки во Дубаи поради голотија!

Полицијата во Дубаи вчера соопшти дека се уапсени повеќе од 15 девојки под обвинение за разврат и голотија поради снимка на која се гледа како се фотографираат целосно голи на балкон во зграда.

По брзата реакција на полицијата и обвинителството во Емиратите, девојките и организаторот на тој настан се уапсени и депортирани.

Станува збор за девојки од Русија, Украина, Белорусија и Молдавија кои заедно со руски фотограф, кој бил организатор на фотографирањето, беа спроведени во полициска станица и казнети со депортација во матичните земји.

Како што објави The Sun, девојките се соблекле голи и позирале за израелска интернет-страница, верзија на американска порно страница.

Светските медиуми пишуваат дека организатор на патувањето и фотографирањето е украинскиот плејбој Виталиј Гречин, кој има слабост кон убави и разголени жени.

На социјалните мрежи се шири фотографија на која тој свири на клавир, додека е опкружен со повеќе разголени девојки.

Како што кажуваат од BBC девојките се соочиле со парична казна од 1000 фунти и сите биле депортирани во своите држави.

Social profiles