Колку заработува жирито во Звездите на Гранд? – Makedonija News

Колку заработува жирито во Звездите на Гранд?

Еве кој „најдебело“ го наплаќа своето учество во шоуто!

Во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ досега можевме да видиме голем број познати лица во улога на жири.

И како што е општо познато, сите тие имаат потпишано „солени“ договори од по неколку илјади евра.

Но овие суми се држат во тајност, иако одвреме-навреме во медиумите ќе протече по некоја информација во врска со овие хонорари. Па така српските медиуми деновиве објавија дека пејачката Марија Шерифовиќ заработува по 3500 евра од емисија, додека пред неа е Јелена Карлеуша која по секоја емисија на контото е „потешка“ за 5000 евра.

Од овие суми можеме да пресметаме дека Карлеуша на пример само од Гранд во годината заработува околу 200.000 евра.

За разлика од неа Марија добива некаде околу 150.000 евра, додека Ѓорѓе Давид околу 40.000 евра, пишува „Објектив.рс“.

Вики Миљковиќ и Ана Бекута наводно добиваат иста сума, 80.000 евра по сезона, додека Босанац заработува нешто помалку.

Social profiles