Следната недела во земјава се очекува да пристигне новата терапија за третман на пациенти болени од Ковид-19 – Makedonija News

Следната недела во земјава се очекува да пристигне новата терапија за третман на пациенти болени од Ковид-19

Во текот на следната недела се очекува во земјава да пристигнат околу 1.500 пакувања од новата терапија што веќе се применува во САД во третман на пациенти болени од Ковид-19, истакна министерот за здравство Венко Филипче.  Тој појасни дека се работи за терапија која влијае на намалувањето на репликацијата на вирусот.

– Тоа е терапија на едно спефицично антитело што го набавуваме преку заедничкиот систем на набавка на Европската Унија. Веројатно во текот на следната недела треба да пристигне. Има специфична индикација кога се дава – на почеток на болеста, во раната фаза, и.т.н., изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на денеска пред салата „Борис Трајковски“.

Каде ќе биде распоредена новата терапија, ќе одлучува мини кризниот штаб во кој членуваат директорите на клиниките.

Social profiles