Лекари во Јапонија успешно извршиле првата трансплантација на ткиво на белите дробови од жив донор на пациент со сериозно оштетување предизвикано од Ковид-19 – Makedonija News

Лекари во Јапонија успешно извршиле првата трансплантација на ткиво на белите дробови од жив донор на пациент со сериозно оштетување предизвикано од Ковид-19

Лекари во Јапонија денеска објавија дека успешно ја извршиле првата трансплантација на ткиво на белите дробови од жив донор на пациент што имал сериозно оштетување на белите дробови предизвикано од Ковид-19.

Примателот е жена од западниот регион Кансај, а таа закрепнува по речиси 11 часа долгата операција извршена во средата, соопшти универзитетската болница во Кјото, од каде што додаваат дека нејзините сопруг и син, кои се донори на дел од своите белодробни крила, се во стабилна состојба, објави агенцијата АП.

Универзитетот додаде дека ова е прва трансплантација во историјата на ткиво на бели дробови од жив донор на пациент со оштетување од Ковид-19.

Трансплантациите од донори кај кои е прогласена мозочна смрт се ретки, а живите донори се пореална опција за пациентите, се додава во соопштението.

Social profiles