Багајќи од полицијата се преврте возило со мигранти кај Градско – Makedonija News

Багајќи од полицијата се преврте возило со мигранти кај Градско

Возило во кое имало 12 мигранти се преврте во близина на Градско, бегајќи од полицијата која го следела.

Според информациите од МВР, настанот се случил утрово, а двајца мигранти се пренесени во болница на укажување лекарска помош.

Со возилото управувал 23-годишник од Прешево, Србија, кој е приведен.

„Во 5:30 часот кај клучката Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско. На излезот од Градско, возачот М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело“, соопшти полицијата.

Social profiles