Петиот пакет мерки се очекува да се изгласа следната недела! – Makedonija News

Петиот пакет мерки се очекува да се изгласа следната недела!

Економските мерки за справување од последиците од пандемијата дадоа резултат.

Вториот пакет е имплементиран со 100%, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Некои од мерките се реализираат во текот на оваа година, така што вкупната, имплементација може да достигне и до 99%

Во рамки на четирите пакети, донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и поддржани компаниите и граѓаните погодени од пандемијата.

Во собраниска процедура е и новиот петти пакет економски мерки, за којшто се надевам дека пратениците бргу ќе дадат зелено светло. Сите пакети на антикризни мерки за поддршка на економијата во својот фокус ги имаат граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност, креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и спроведување на брза излезна стратегија за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.Имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: високиот раст на извозот; растот на трговијата, растот на просечната плата, како и зголемување на кредитирањето на населението и стопанството од страна на банките.

Social profiles