Се намалува бројот на новозаразени од Ковид 19 во Македонија – Makedonija News

Се намалува бројот на новозаразени од Ковид 19 во Македонија

“Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје. Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, НО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен.”

Изјави Министерот Венко Филипче.

Social profiles