
Египетските археолози во пустината во близина на Луксор открија остатоци од древен град од златното доба на фараоните за кој тврдат дека е „најголемиот“ пронајден во Египет досега. Познатиот египтолог Захи Хавас го објави откривањето на „Златниот град“ изгубен под песокот кај Луксор, во легендарната Долина на кралевите.