Во Атина изрешетан познат новинар, истражувал криминал – Makedonija News

Во Атина изрешетан познат новинар, истражувал криминал

Двајца вооружени мотоциклисти денеска го застрелаа познатиот грчки новинар Јоргос Карајваз, кој истражуваше криминал, соопшти полицијата, додавајќи дека тој бил убиен во близина на својот дом во Атина.

Караиваз бил изрешетан со најмалку шест куршуми, кусо пред 15 часот по локално време, пред неговиот дом, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за познат и искусен новинар, кој долги години следеше црна хроника и покриваше теми поврзани со полицијата, за истите теми имаше информативен портал, а паралелно работеше во претпладневна емисија на телевизијата „Стар“.

Неофицијално, на местото на убиството полицијата пронашла најмалку 17 чаури, а сторителите веројатно користеле оружје со пригушувач, обjавија грчки медиуми.

Полицијата работи на расчистување на причините за убиството.

Social profiles