Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло поради закана за терористички напад во Виена – Makedonija News

Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло поради закана за терористички напад во Виена

Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло поради закана за терористички напад во Виена.

Малолетникот, наводно не добил одговор од разговор со канцеларот Себастијан Курц, па се заканил дека денеска во 13 часот ќе изврши напад на виенската катердала „Штефансдом“, која се наоѓа во центарот на градот.

Откако е утврден идентитетот на лицето, полицијата веднаш спровела апсење преку своите специјални единици.

По апсењето заканувачот изјавил дека немал намера да ја изврши својата закана и дека наводно станува збор за „шега“.

Social profiles