Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште – никој не дошол по дрогата – па немало апсење – Makedonija News

Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште – никој не дошол по дрогата – па немало апсење

Полицијата во Дубровник заплени рекордна количина кокаин. Според хрватските медиуми, станува збор за околу 500 килограми кокаин што бил транспортиран во контејнер со банани. Никој не го преземал кокаин, па немало апсења, пренесува Слободна Далмација. Огромни количини на кокаин откриле цариниците при редовни контроли на контејнери.

За денес во 14 часот е свикана прес-конференција, каде полицијата ќе објави повеќе информации. Тие рекоа дека темата на прес-конференцијата ќе биде заплената на екстремно големи количини на кокаин во Дубровничко-неретванската жупанија.

Запленетиот кокаин ќе биде изложен на прес-конференција.

Social profiles