Бали-бег и Неџла објавија фотографии од малиот Каран и го срушија Инстаграм – погледнете на кого личи нивниот син – Makedonija News

Бали-бег и Неџла објавија фотографии од малиот Каран и го срушија Инстаграм – погледнете на кого личи нивниот син

Популарниот турски актер Бурк Озџивит кој се прослави со улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ сподели неколку фотографии со својот син Каран и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.

Шармантниот турски актер фотографијата ја сподели од својот приватен профил и од неа можеме да видиме дека Каран пораснал и дека го интересираат автомобили. Едногодишниот син, кој беше зад воланот додека татко му го возеше автомобилот, привлече внимание како со својата страст за автомобили, така и со својот позерски израз заради кој многумина на социјалните мрежи коментираа дека неверојатно личи на својот познат татко.

Синот на Бали-бег, Карак Озџивит, денес го прославува својот втор роденден, а гордиот татко ги изненади фановите.

Каран се роди на 14 април 2019 година, и секоја негова фотографија ги радува обожавателите на познатите родители.

Турскиот актер одвај чекаше да стане татко. Тој толку беше среќен што веднаш откако ги дозна среќните вести му отвори профил на социјалните мрежи, уште пред да се роди, и тој сега има околу 130.000 фанови.

Тој и неговата сопруга секој слободен момент го поминуваат со нивното дете кое утре ќе го прослави својот втор роденден. А со последната фотографија можеме и да видиме на кого малиот личи? Погледнете ги само неговите очи.

Инаку, сопругата на маркантниот Бали-бег, убавата Фахрие Евџен, само еден ден претходно присуствуваше на презентација одржана во хотелот „Four Seasons“. Презентацијата беше организирана од бренд за пелени, а таа како заштитно лице на состанокот спомена дека во соработка со „Needs Map“ ќе донираат пелени кои што би требало да ги задоволат потребите на десетина илјади сиромашни деца.

Social profiles