Јадете Маслинки за поздрав организам! – Makedonija News

Јадете Маслинки за поздрав организам!

Маслиновото масло е познато по своите својства за длабоко потхранување на кожата, незина регенерација и освежување. Тоа игра значајна улога при секојдневната исхрана како здрава алтернатива и прв избор при здрава исхрана.

Маслинките се моќен и вкусен плод кој може да му обезбеди на човековото тело одлични здравствени бенефиции вклучувајќи ја способноста за спречување на губиток на коскена срж, спречување на појава на различни видови на рак, воспалувања и артритис. Тие се познати по своите бенефиции кои  ја подобруваат дигестијата, ги олеснуваат алергиските реакции, помагаат при подобрување на циркулацијата на крвта и помагаат при регулација на крвниот притисок.
Маслинките најчесто е добро да се јадат во комбинација со некоја салата, во комбинација со риба ,(медитеранска диета), со јајце и сирење или пак како додатоци на други оброци.

Дали сте знаеле дека доколку имате низок крвен притисок само со 4 маслинки дневно во комбинација со чаша минерална вода можете да го покачите нискиот притисок наместо да се напиете чаша Coca-Cola или пак да изедете еден ред коцки чоколада??

Во 100 грама зрели маслинки има околу 6,3 % јаглехидрати, 0,8 %белковини, и 10,7 % маснотии, затоа не е изненадувачки зошто лекарите често препорачуваат да се консумира една шака маслинки пред појадок, како превенција од различни болести.

Social profiles