ЗНАЦИ ДЕКА МАЖОТ НАВИСТИНА НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС! – Makedonija News

ЗНАЦИ ДЕКА МАЖОТ НАВИСТИНА НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС!

Сепак, да ја погледнеме другата страна. Што ако не ве стави во контекст на „нас двајцата“ дури и по некое време, дали треба да се запали црвеното светло? Дали тоа значи дека тој сè уште не ја дефинирал вашата врска или не сака да ја дефинира затоа што вие сте само негова резервна копија? Ако се сомневате, најдобро е да се обидете отворено да разговарате со него.

Пред да разговарате, дознајте дали губите време со него. Ако тој ги прави следниве две работи често, тоа е прилично очигледно.

Никогаш нема време

Секако, сите имаме свои обврски и не е крај на светот ако тој откаже да излегува, затоа што е уморен или затоа што нешто му се појави. Сепак, она што треба да ве загрижува е дека тој има доволно време да им се посвети на сите други, освен на вашата врска. Ако сте на последното место, подобро е веднаш да се свртите и да заминете, затоа што тешко дека некогаш ќе заземете некое од местата на врвот, кое ви припаѓа на вас во врската.


Не му е гајле како го поминувате денот

Кога некој се грижи, тој сака да знае како сте го поминале денот и го интересира секоја ситница. Тоа е, меѓу другото, начин да се покаже дека тој се грижи и сака да биде дел од вашето секојдневие. Ако недостасува сето тоа, многу е можно да сте само „резервен играч“ и затоа тој не се обидува.

Ако сте ја препознале вашата врска во ова, веројатно не би било лошо прво да разговарате со него за тоа, за да ја расчистите ситуацијата. Ако се потврди дека навистина сте само резерва за него, дајте си шанса да пронајдете некој на кого ќе му бидете прва и единствена опција – а не резерва или „план Б“, бидејќи сигурно не го заслужувате тоа.

Social profiles