Пратениците, за осум месеци завршија само 8 седници на кои се гласаа закони, а си наплатија над милион евра за плати и патни трошоци – Makedonija News

Пратениците, за осум месеци завршија само 8 седници на кои се гласаа закони, а си наплатија над милион евра за плати и патни трошоци

Во 19 завршени седници се и првата, конститутивната седница, 10тата каде се бираше влада, 11. седница се бираа претседатели и членови на собраниските комисии, 13та се бираа заменици министри, 14 тата каде имаше обраќање словенечкиот претседател Борут Пахор, па 23 тата со годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски, 31 вата се бираа членови на Државната изборна комисија и три седници за пратенички прашања.

Работеле-не работеле, пратениците секој месец земаат просечно по 1.100 евра, или за 8 месеци вкупно милион евра за пратенички плати. За патни трошоци, заклучно со јануари, на 75 од вкупно 120 пратеници им се исплатени 122 илјади евра.

Social profiles