Филипче: Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! – Makedonija News

Филипче: Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце!

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.
Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.
Горд сум на моите колеги, напиша на својот ФБ профил, министерот за здравство Венко Филипче.

Social profiles