4 ПРИЧИНИ ЗОШТО СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ИМАМЕ ЦВЕЌИЊА ВО КУЌАТА! – Makedonija News

4 ПРИЧИНИ ЗОШТО СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ИМАМЕ ЦВЕЌИЊА ВО КУЌАТА!

Ако сте забележале дека се чувствувате некако поразлично и подобро во близина на цвеќето, немојте да мислите дека тоа е случајност.

Најновите истражувања во однесувањето го открија можеби наједноставниот начин за подобрување на расположението – опкружете се со цвеќиња. Докажано е дека цвеќето кај луѓето поттикнува чувство на среќа и задоволство од животот, а исто така влијае и на тоа како луѓето се однесуваат во одредени социјални ситуации.

  1. во моментот го менува вашето расположение
    Кога некој прима цвеќиња, скоро веднаш, таа личност е обземена од чувство на среќа, а на лицето од возбуда и се појавува насмевка, што е показател за исклучително задоволство. Во истражувањето, цвеќето имало таков ефект врз луѓето од сите возрасти.
  2. влијае на подобро расположение на долг рок
    Луѓето кои добиваат цвеќиња се помалку вознемирени, депресивни и немирни. Уживаат повеќе во сè што ги опкружува и се позадоволни од луѓето кои не добиваат цвеќе.
  3. ни помага полесно да создаваме поинтимни односи со другите
    Луѓето кои се опкружени со цвеќиња се повеќе дружеубиви и повеќе контактираат со други луѓе, особено со семејството и пријателите.
  4. го прави просторот повесел и создава атмосфера на гостопримство
    Повеќето луѓе ставаат цвеќе на добро видливи места, како на пример во дневната соба или ходникот. Со други зборови, тие ставаат цвеќе во просториите на нивниот дом каде што гостите се добредојдени.
Social profiles