Приведен инспектор поради поткуп, при апсењето му биле пронајдени околу 4000 евра – Makedonija News

Приведен инспектор поради поткуп, при апсењето му биле пронајдени околу 4000 евра

Попладнево во Кичево приведен инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, под сомнение дека примал поткуп.

Полицијата го привела инспекторот кој според информации на ТВ 21 е од Тетово, а уапсен е во Кичево.

Наводно земал поткуп од 200 евра, пари кои претходно биле обработени од полицијата. Според информации за на ТВ21 при апсењето му биле пронајдени околу 4000 евра.

Social profiles