Вучиќ: Од Белград до Скопје со воз ќе се патува за три и пол часа – Makedonija News

Вучиќ: Од Белград до Скопје со воз ќе се патува за три и пол часа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, изјави дека на крајот на август почнува изградбата на проектот Ниш-Приштина и оти се договара железничка пруга до Прешево. Европската унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга помеѓу Белград и границата со Северна Македонија, изјави Вучиќ.

-Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите. Европејците рекоа дека можат да дадат подобра понуда и добивме неверојатна цена, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста од Брисел.

Вучиќ објасни дека, според избраната варијанта, тоа ќе ја чини Србија максимум 1,2 милијарди, бидејќи околу 35 до 50 отсто ќе бидат подарени пари од ЕУ.

-Над 600 милиони бесплатни пари, дури и ако се работи за варијанта со 35 отсто, за фантастичниот проект што не поврзува со Скопје, Солун, Атина….Ќе се молиме сè да биде готово до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година, изјави Вучиќ.

Social profiles