Филипче потврди – се намалува полицискиот час, угостителите ги отвораат терасите – Makedonija News

Филипче потврди – се намалува полицискиот час, угостителите ги отвораат терасите

Комисијата за заразни болести донесе нови рестриктивни мерки кои се очекува да бидат усвоени на денешната владина седница.

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека новите мерки се однесуваат на намалување на полицискиот час, односно забрана за движење од 21 до 05 часот, како и отворање на летните тераси на угостителските објекти.

-Предлогот е во сабота кон недела за Велигден и на 12 кон 13 мај за Бајрам да нема полициски час, а работењето на угостителските објекти да биде до 20 – 20:30 часот. Ова ќе важи само за овие деноноќија, истакна Филипче на прес-конференцијата.

Social profiles