Пристигнаа 200.000 вакцини од „Синофарм“, дневно ќе се вакцинираат околу 10.000 граѓани – Makedonija News

Пристигнаа 200.000 вакцини од „Синофарм“, дневно ќе се вакцинираат околу 10.000 граѓани

Денеска пристигнаа долгоочекуваните вакцини кои ги обезбедивме во директни преговори со производителот, а во вкупна количина од 200.000 од производителот Синофарм. Тие ќе бидат сместени во ладната соба во Полинклиниката Јане Сандански, по што истите ќе се дистрибуираат до пунктовите според закажаните термини за вакцинација, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Дневно ќе се вакцинираат околу 10.000 граѓани ширум државата, а како приоритетни ќе се земат сите пријавени преку веб страната vakcinacija.mk , а вакцинацијата од вторник ќе започне и во останатите пунктови за масовна вакцинација кои се веќе подготвени за почеток со работа. Огромна благодарност до амбасадорот н.е. Џанг Ѕуо и до луѓето од неговиот тим кои активно се залагаа за оваа пратка утрово пристигне во нашата земја.

Social profiles