Десетици загинати во стампедо на верски фестивал во Израел – Makedonija News

Десетици загинати во стампедо на верски фестивал во Израел

Десетици луѓе загинаа во стампедо на верскифестивал во североисточен Израел. Израелската национална служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА) ги потврди смртните случаи, без да даде точен број. Весникот Хаарец објави дека биле убиени над 40 лица. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја опиша несреќата како „тешка катастрофа“ и рече дека се моли за жртвите. Фестивалот Лаг Б’омер во подножјето на планината Мерон е најголемиот настан во земјата од почетокот на пандемијата на коронавирусот, а наводно присуствувале десетици илјади луѓе, и покрај загриженоста за ширење на вирусот.

Лаг Б’Омер обединува илјадници ултраортодоксни Евреи кои го посетуваат гробот на мудреците од вториот век на годишните комеморации кои вклучуваат целовечерна молитва и танцување.

Social profiles