Ноќта пред Велигден направете го ова за да ви се исполнат љубовните желби – Makedonija News

Ноќта пред Велигден направете го ова за да ви се исполнат љубовните желби

Старите Македонци верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот. Тие верувале дека тогаш се исполнуваат сите желби што ќе ги посакате, особено љубовните, односно оние кои немаат материјална природа.

Дете кое се родило во Страсната седмица и особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој потфат и нема да се жали на недостаток на добро здравје.

Младите жени кои се уште не добиле понуда за брак, треба да ги кажат неколку минути пред доаѓањето на Велигден следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна!

Ако во чинијата со храна Ви падне инсект, ќе ви се јави стар пријател за средба, која ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви чеша долната усна, очекувајте нова љубов.

Се смета дека во ноќта спроти Велигден не треба да се крева бучава во домот. Во спротивно тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом.

Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна!  А, одговорот е Навистина воскресна!Содржината продолжува после огласот

Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и затоа таа се нарекува Светла Велигденска Недела.

Дури и да не го сакате некој човек, ако точно на Велигден ви побара услуга или ваш стар пријател со кого сте скарани, Ви побара да му простите, тогаш мора да се ослободите од предрасудите и бидете добри христијани.

Social profiles