Плажите во Грција ќе бидат отворени на 15-ти мај – Makedonija News

Плажите во Грција ќе бидат отворени на 15-ти мај

Во Грција плажите и угостителските објекти ќе бидат отворени на 15 мај, соопшти денеска грчката влада. Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Панајотис Стамбулидис рече дека вработените ќе мора да ги почитуваат мерките-одржување на далечина и носење маски, пренесува порталот Катимерини.

Стамбулидис за грчката телевизија ЕРТ рече дека угостителските објекти немаат право да пуштаат музика, а истото важи и за баровите и рестораните што се отвораат во Грција на 3 мај.

Оваа мерка, објасни тој, е воведена затоа што експертите процениле дека бучавата го поттикнува кревањето на гласот, што доведува до ширење на капките низ воздухот и го намалува растојанието помеѓу соговорниците а тоа доведува до намалена безбедност во заштита од коронавирус.

Social profiles