Македонските ракометари со триумф над Швајцарија го прославија пласманот на ЕП, Лазаров вели: Останавме чесни и пред нас и пред Бога! – Makedonija News

Македонските ракометари со триумф над Швајцарија го прославија пласманот на ЕП, Лазаров вели: Останавме чесни и пред нас и пред Бога!

Со победа од 29:28 (16:16) против Швајцарија, македонската ракометна репрезентација под водство на селекторот-ракометарот Кирил Лазаров ги комплетираше настапите на квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Како и против Финска, Лазаров беше и најефикасен на теренот со шест гола, колку што постигна и Филип Кузмановски, додека четири уфрли Гоце Георгиевски.

„Прво, сакам да им се заблагодарам на играчите, за првпат како селектор во овие четири натпревари им се заблагодарив за сите жртви на дуелите и тренинзите. Дуелот со Швајцарија беше доста тежок, имавме доста сомнежи, но драго ми е што останавме чесни пред нас, пред семејствата, нацијата, пред Бог… покажавме карактер, одигравме доста квалитетен меч. И претходно кажав дека Швајцарија е екстра-квалитетна репрезентација, им направи на сите големи проблеми на ЕП. Успеавме да одиграме квалитетно, направивме два-три чекори напред, ама имаме уште можност да напредувавме“, истакна Лазаров.

Social profiles