Се урна надземен премин на метрото во Мексико Сити, најмалку 20 загинати и над 70 повредени – Makedonija News

Се урна надземен премин на метрото во Мексико Сити, најмалку 20 загинати и над 70 повредени

Најмалку 15 лица загинаа, а 70 се повредени кога се сруши надвозник на метрото во Мексико Сити, соопштија локалните власти. Локалната телевизија покажа снимка на која се гледа како надвозникот паѓа врз автомобилите што се движат по улицата, пренесува Ројтерс.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, на Твитер напиша дека во несреќата загинале 15 лица и дека еден автомобил е заробен под урнатините.

Несреќата се случила на метро линијата број 12, која била изградена додека сегашниот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.

„Она што се случи денес е ужасна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства “, напиша Ебрард на Твитер.

Тој посочи дека мора да се испитаат причините за несреќата и да се утврди одговорноста, како и дека им е на располагање на властите за да им помогнат.

Social profiles